Почетна » Новости » Истражувања » Зошто не треба да имате повеќе од 354 пријатели на Facebook?

Зошто не треба да имате повеќе од 354 пријатели на Facebook?

Facebook е место за забава и дружење, па не е воопшто чудно што повеќе од 483 милиони луѓе од цел свет секој ден се најавуваат на оваа најпопуларна друштвена мрежа. Но, ако секојдневното читање на постовите на вашите пријатели ве онерасположува, треба да знаете дека не сте сами.

Колку повеќе пријатели имате, толку повеќе секојдневно сте нерасположени и депресивни, тврдат истражувачите и препорачуваат да го ограничите бројот на пријатели до 354, за да не ги искусите негативните ефекти на Facebook врз вашето расположение.

Facebook

За да дојдат до тие констатации, истражувачите побарале од група корисници на Facebook на возраст од 18 до 65 години да прочитаат некои од статусите на нивните пријатели. Потоа, секој од нив требало да оцени колку е задоволен со својот живот. Сите тие корисници оцениле дека се помалку задоволни од својот живот, во споредба со корисниците кои не ги прочитале статусите на своите пријатели.

Се претпоставува дека по читањето на постовите на пријателите, корисниците го споредуваат својот живот со ограничените информации кои пријателите ги објавуваат на Facebook и добиваат нереална претстава дека тие имаат полош живот.

Истражувачите пресметале дека максималниот број на пријатели кои нема да го онерасположуваат корисникот е 354.

„Проблемот е што Facebook ни дава ограничен поглед во животите на нашите пријатели, кој изгледа нереално позитивен“ – вели Дилни Гонсалвис, професор по маркетинг во IE Business School во Мадрид, кој воедно е и автор на истражувањето.

Гонсалвес објаснил дека колку повеќе пријатели имаме, толку повеќе читаме за нечиј одмор од соништата, нечија нова девојка или нечие напредување во кариерата и како резултат на тоа сметаме дека нашиот живот е помалку успешен и сме понезадоволни.

Неодамна американско истражување објави слични резултати дека Facebook ја зголемува тагата, т.е. колку повеќе време луѓето поминувале на FB, толку повеќе се согласувале со изјавата „Многу од моите пријатели имаат подобар живот од мене“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.