Постојат повеќе причини поради кои Facebook корисниците решаваат да го зголемат или намалат бројот на виртуелни пријатели на најпознатата друштвена мрежа. Според новиот инфографик на Nielsen, главната причина поради која луѓето ги откачуваат своите пријатели на Facebook се непријатните навредливи коментари.
Повеќе од половината учесници во нивното истражување (55%) изјавиле дека нема да се двоумат да ја искористат опцијата defriend, кога некој упорно ги малтретира со одбивни коментари. 41% од испитаниците признале дека би избришале некој од листата на пријатели затоа што не го познаваат доволно, а 39% би го сториле истото ако некој се обиде да им продава нешто.
Останати причини поради кои луѓето ги отстрануваат пријателите на Facebook се: депресивни коментари (23%), недоволно комуникација помеѓу нив (20%), политички коментари (14%), раскинување/развод (11%), не им се допаѓаат нивните пријатели (8%) и пречесто апдејтнување на профилот (6%).
Луѓето ја зголемуваат листата на пријатели на Facebook главно со лица кои ги познаваат во реалниот живот. 82% од учесниците навеле „го познавам во реалниот живот“ како причина за да станат пријатели со некого и на Facebook. 60% од луѓето стануваат пријатели со некое лице само затоа што имаат многу заеднички пријатели.
За целите на истражувањето биле испрашувани 1865 Facebook корисници кои имале над 18 години. Резултатите покажале дека просечниот Facebook корисник има 130 пријатели.