Почетна » Новости » Истражувања » Звучни бранови ќе ја заменат вијаграта

Звучни бранови ќе ја заменат вијаграта

Мажи со турнати пантолони

Досега се знаеше дека вијаграта е најдобар пријател на мажите со проблеми со ерекцијата. Но, едно ново истражување можеби ќе го промени тоа засекогаш.

Истражувањето спроведено во Израел, во кое учествувале 20 мажи, покажа дека насочувањето на звучни бранови со низок интензитет кон 5 одредени делови од гениталиите на мажите, може да им помогне да ги надминат проблемите со ерекцијата.

Сите учесници во истражувањето биле мажи кои имале мали до средни проблеми со ерекцијата и примале лекови за тоа. Тестовите биле толку успешни што дури 15 од нив успеале да ги отфрлат лековите.

Новата терапија, која во моментов се тестира во Израел, користи мала форма на литотрипси, т.е. техника развиена пред 20 години за лекување на камен во бубрезите. Со помош на таков третман се насочуваат звучни бранови кон телото, кои безбедно навлегуваат во ткивата и го имаат потребниот притисок за да го разбијат каменот на многу ситни камчиња што можат да се исфрлат преку урината.

Новиот третман го стимулира растењето на крвните садови во зоната на гениталиите и на таков начин значително го подобрува сексуалниот живот на мажите кои имаат проблеми.

Истражувачите сметаат дека овие резултати се многу интересни и дека заслужуваат дополнителни истражувања во оваа област.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.