Почетна » Новости » Истражувања » Жените страдаат од повеќе симптоми на стрес отколку мажите

Жените страдаат од повеќе симптоми на стрес отколку мажите

Жените страдаат од повеќе симптоми на стрес во споредба со мажите, покажало ново шведско истражување. Научниците веруваат дека причината за тоа е што жените работат „двојна смена“, т.е. изложени се на стрес и на работа и дома.

Со истражувањето било откриено дека кај жените повеќе се појавуваат класичните симптоми на стресот (како болки во вратот и грбот) отколку кај мажите.

Жена под стресЖените почесто страдаат од симптомите на стресот отколку мажите

Во текот на 4 години истражувачите набљудувале две групи составени од мажи и жени. Едната група ја сочинувале студенти, а другата работници.

На крајот било заклучено дека во групата на студентите жените почесто имале болки во вратот, а во групата на вработените (најголем дел од кои работеле на компјутер), кај жените почесто се појавувала болка и во вратот и во грбот.

Оваа појава научниците ја објаснуваат со фактот што во развиените земји секоја жена исполнува т.н. „двојна смена“, односно оди на работа исто како и мажите, но кога ќе се врати дома, нејзината работа продолжува низ домот.

А во однос на студентите, шведските научници сметаат дека студентките чувствуваат поголем стрес затоа што мораат да се натпреваруваат во светот на мажите и да бидат подобри од нив за да ги добијат врвните работни позиции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.