Идејата дека жените кои не се во врска тагуваат по цел ден како главниот лик од филмовите Бриџит Џонс е сосема погрешна, велат истражувачите. Со или без маж, жените знаат да уживаат во животот.
Истражување на компанијата за истражувања на пазарот Mintel покажало дека денес жените кои не се во врска се среќни што можат да си го трошат своето време онака како што сакаат и се позадоволни од својот „сингл“ живот, отколку мажите.
Додека повеќе од половината жени со статус сингл признале дека се среќни со својот живот, само 39% од мажите го потврдиле истото.
Исто така, помалку од една третина од жените изјавиле дека мразат што се сами, а истото го кажале дури 70% од мажите.
„Луѓето кои не се во врска почесто си купуваат нешто за да се почестат и имаат повеќе време кое можат да го минуваат со пријателите, во споредба со оние кои се во врска. Тие истражуваат повеќе и експериментираат со нови нешта, одат во нови места за излегување, посетуваат нови ресторани и се вклучуваат во нови активности. Во многу погледи, тие имаат поисполнет живот во споредба со нивните пријатели кои се во врска“ – изјавила Александра Ричмонд од компанијата која го спровела истражувањето.
Во минатото жените влегувале во брак и за постигнување на финансиска стабилност, но денес жените сè повеќе напредуваат во своите кариери, па тоа е и еден од факторите кои придонесуваат повеќе да си ја сакаат својата слобода.