Фризурата го менува целосниот надворешен изглед, па не е воопшто чудно што ние жените постојано се грижиме да имаме средена коса и да го менуваме нејзиниот изглед од време на време.

Истражување на фризерот Ендрју Колинџ покажало дека жените прават промени на фризурата во просек дури 104 пати во текот на својот живот. Само во периодот од 13-тата до 65-тата година, жените ја менуваат должината, формата или бојата на косата барем двапати годишно.
Најчестата причина поради која жените прават промени е досадата. Кога подолго време имаат една иста фризура, жените немаат трпение да ја променат. 44% од учесничките во истражувањето изјавиле дека прават промена само затоа што им е здосадена сегашната фризура, а 61% изјавиле дека само сакаат промена.
Најпреферирана фризура е долга коса со шишки. Две третини од жените ја имале оваа фризура барем еднаш во животот.
Најпретпочитана боја за бојадисување на косата е темно кафеава.
Топ 10 причини за промена на фризурата | Топ 10 најпопуларни фризури | |
1. | „Само сакам промена“ | Долга коса со шишки |
2. | „Ми беше досадна“ | Фризура „боб“ |
3. | „Да си ја зголемам самодовербата“ | Долга со многу слоеви |
4. | После раскинување | Кратка коса со шишки |
5. | „Да направам целосна промена во изгледот“ | Кратка со многу слоеви |
6. | Модни трендови | Долга со многу видливи прамени |
7. | Побелување на косата | Долга виткана или брановидна |
8. | Јубилеен роденден | Кратка со видливо разделени прамени |
9. | Пред/после породување | Трајно виткање на косата |
10. | Свадба | Кратка виткана или брановидна |