Велат вистинската љубов тешко се наоѓа, а сега има и истражување што го потврдува тоа. Истражувањето спроведено во Британија открило дека просечната жена ќе излезе со 24 мажи пред да го пронајде вистинскиот.

Ако тоа ви изгледа многу, уште повеќе ќе ве изненадат податоците дека 7% од испитаните 2000 жени имале 41-60 состаноци пред да го пронајдат оној со кого ќе го поминат остатокот од животот, а 1% од нив биле дури на 61-80 состаноци.
Податоците покажале дека жените доста брзо оценуваат дали еден маж е вистинскиот за нив. На една четвртина од жените им е потребен само еден состанок за да одлучат дали го пронашле својот принц, 35% би му дале втора шанса на мажот да се докаже, а само 16% би отишле на трет состанок.
Значи сепак е точно дека треба да бакнеш многу жаби, пред да го пронајдеш својот принц, барем за Британките.