Почетна » Новости » Истражувања » Жените во просек бакнуваат 22 мажи пред да го најдат вистинскиот

Жените во просек бакнуваат 22 мажи пред да го најдат вистинскиот

Просечната жена ќе бакне 22 различни мажи, ќе ужива во 4 долги врски, ќе доживее 6 лоши состаноци и 5 пати ќе остане со скршено срце пред да го пронајде мажот од нејзините соништа. Тоа се дел од заклучоците од ново истражување кое уште еднаш потврди дека жените треба да бакнат многу жаби пред да го пронајдат својот принц.

Среќен парЖените во просек бакнуваат 22 мажи пред да го сретнат мажот од соништата

Исто така, просечната жена ќе има 6 љубовни авантури кои траат само по една ноќ, ќе биде изневерена 4 пати и ќе запознае барем еден партнер онлајн пред да го запознае „вистинскиот“.

Но, и мажите не ја пронаоѓаат вистинската жена лесно. Просечниот маж ќе бакне 23 девојки, ќе има 10 авантури кои траат само една ноќ и 6 пати ќе остане со скршено срце пред да дојде до жената на неговите соништа.

Истражувањето било направено од сајт за запознавање, а биле интервјуирани 2000 мажи и жени.

Според резултатите, жените во просек имаат по 9 врски, добиваат „корпа“ 4 пати, а откачуваат 5 мажи. Но, кога ќе го сретнат „вистинскиот“ тие ќе го почувствуваат тоа во текот на првите 4 месеци од врската.

Истражувачите заклучиле дека во просек девојките првпат си фаќаат момче на 15-годишна возраст. Било откриено и дека мажите се тие кои е поверојатно да бидат изневерени или откачени.

Претставник на сајтот кој го направил истражувањето изјавил дека добрата вест е што повеќето од учесниците успеваат да ја пронајдат својата љубов до 30-тата година од животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.