Почетна » Новости » Истражувања » Вештачката насмевка на работа ве прави несреќни

Вештачката насмевка на работа ве прави несреќни

Ако со вештачка насмевка се обидувате да ги направите колегите и клиентите среќни, тогаш уште повеќе ќе ви се уништи расположението. Научниците велат дека вештачката насмевка на работа ќе ви го влоши расположението и дури и ќе ви ја намали продуктивноста, а тоа особено важи за жените.

Од друга страна, било откриено дека работниците кои навистина се среќни и кои се смеат како резултат на позитивно размислување за претстоен одмор или за среќни моменти со семејството, се многу поефективни на работното место.

Жена што се смееВештачката насмевка на работното место ги прави жените несреќни

„Работодавците сметаат дека прават добро за организацијата со тоа што ги принудуваат работниците да се смеат, но тоа не значи дека навистина е така“ – изјавил Брент Скот од Мичиген Стејт Универзитетот.

Неговото тврдење е спротивно на политиката на сите фирми кои работат директно со клиенти и кои бараат од персоналот секогаш да е во добро расположение.

За целите на истражувањето, научниците го проучувале т.н. „површно глумење“ (вештачко смеење) и т.н. „длабоко глумење“ (создавање на позитивни емоции преку присетување на пријатни спомени).

Било откриено дека жените многу повеќе се засегнати од негативните ефекти на вештачкото смеење на работното место. Според истражувачите, ако жените глумат дека се среќни, подоцна се чувствуваат понесреќни и нивната продуктивност на работа се намалува.

Но, научниците објасниле дека тоа се случува само во случај на површно глумење. Кога жените се присетувале на убави спомени за да можат да се смеат, всушност и нивното расположение се подобрувало, а исто така се зголемувала и нивната продуктивност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.