Почетна » Новости » Истражувања » Бракот е клучот за подобар живот

Бракот е клучот за подобар живот

Бракот го подобрува здравјето, го подобрува расположението и го продолжува животот, велат научниците. Единствениот услов за да биде тоа навистина така е сопружниците да се сакаат и да се поддржуваат еден со друг.

Резултатите од големи истражувања во 7 европски држави покажале дека бракот го подобрува физичкото и психичкото здравје и го намалува ризикот од предвремена смрт.

Зет и невестаБракот го подобрува здравјето, го подобрува расположението и го продолжува животот

Џон Фалахер, истражувач од Кардиф Универзитот кој анализирал 148 европски истражувања, заклучил дека среќните сопружници се посклони да се хранат здраво, имаат повеќе пријатели и водат поголема грижа еден за друг.

Според резултатите, оптималната возраст за мажите да стапат во брак е над 25 години, а за жените – од 19 до 25 години.

Кога станува збор за физичкото здравје, Џон тврди дека мажите имаат поголема полза да бидат во врска отколку жените, но кога се работи за психичкото здравје, поголема корист имаат жените. Објаснувањето: Жените влијаат многу позитивно на начинот на живот на мажите. Од друга страна, жените ѝ придаваат многу поголемо значење на врската, па се чувствуваат многу подобро кога се во среќна врска.

Но, Џон потенцира дека неуспешните врски не само што не го подобруваат здравјето, туку го влошуваат психичкото здравје. Тој истакнува дека е подобро луѓето да се сингл, отколку да бидат принудени да останат во проблематична врска.

Светската здравствена организација минатата година објави дека бракот го намалува ризикот од појава на анксиозност и депресија и дека оние кои живеат во брачна заедница многу поретко страдаат од симптомите на депресија во споредба со луѓето кои се со статус сингл.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.