Многу парови низ цел свет се обидуваат да одржат среќен брак и да остарат заедно. Во исто време и многу истражувачи се обидуваат да пронајдат кои фактори влијаат на тоа дали бракот ќе успее или не, со цел да им помогнат на сопрузите.

Според резултатите на најновото истражување од таа област, експертите сметаат дека за среќен брак потребно е невестата да биде попаметна од зетот, 5 години помлада од него и двајцата да потекнуваат од иста култура и традиција.
Ако луѓето ги следат овие совети кога го избираат својот партнер, тие ќе си ги зголемат шансите за среќен брак со 20%, тврди Nguyen Vi Cao кој го предводел истражувањето.
Во истражувањето учествувале 1074 парови на возраст од 19 до 75 години. Истражувачите откриле и дека стапувањето во брак со веќе разведено лице ги намалува шансите за успешен и среќен брак.