Почетна » Новости » Истражувања » Бракот ги прави мажите подобри

Бракот ги прави мажите подобри

Американски научници тврдат дека бракот ги прави мажите подобри или барем придонесува поретко да се однесуваат антисоцијално.

Психолозите од Универзитетот Мичиген Стејт откриле дека оние мажи кои стапиле во брак до 29-тата година од животот поретко се вклучени во антисоцијални инциденти како криминално однесување, агресивност и прекумерно консумирање на алкохол, во споредба со мажите кои останале ергени.

МладоженциКога се во брак, мажите поретко покажуваат антисоцијално однесување

Но, пред да си помислите дека жените имаат некаква врска со тоа или пак дека мажите стануваат посериозни и поодговорни, научниците имаат друга теорија. Тие сметаат дека ваквата појава се должи на тоа што подобрите мажи секогаш стапуваат во брак и тоа на помлада возраст.

За да дојдат до овој заклучок, научниците го набљудувале однесувањето на повеќе од 400 идентични близнаци од нивната 17-та година, кога повеќето биле сингл, до нивната 29-та година, кога 60% веќе биле во брак.

Кај близнаците од кои едниот стапил во брак, а другиот не, било забележано дека женетиот близнак поретко покажува знаци на антисоцијално однесување во споредба со неженетиот близнак.

Професорот Рајан Кинг, кој не учествувал во истражувањето, смета дека доброто однесување на женетите мажи се должи на тоа што тие поминуваат повеќе време со своите сопруги и пријатели, а деликвенцијата и пиењето алкохол повеќе се појавуваат кога има поголема група луѓе. Тој објаснил и дека женетите мажи поретко прават нешто нелегално затоа што имаат многу повеќе што да изгубат и во некои случаи им е важно што ќе помисли нивната сопруга.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.