Убаво е да сте сингл и слободни додека сте млади, но ако сакате да живеете подолго, не треба да останете без животен партнер. Нова студија публикувана во American Journal of Epidemiology вели дека луѓето со статус сингл живеат пократко и имаат полошо здравје во споредба со луѓето кои стапиле во брак.
Целта на студијата била да се анализираат резултатите од 90 претходни истражувања во кои учествувале 500 милиони луѓе и да се спореди ризикот од смрт на луѓето кои се сингл со ризикот кај мажените и женетите.
Истражувачите откриле дека ризикот од смрт кај мажите со статус сингл бил за 32% поголем отколку кај женетите мажи. Но, ситуацијата не е поразлична и кај жените. Жените со статус сингл се соочуваат со 23% поголем ризик од смрт во споредба со мажените жени.
Во најлош случај, мажите кои се сингл може да умрат до 17 години порано од нивните оженети пријатели, а жените кои се сингл може да умрат 15 години порано од нивните мажени пријателки.
„Ако си во брак, сопругот/сопругата може да ве принудува да се храните поздраво и да одите на доктор. Понекогаш е полесно да сте поздрави и да ризикувате помалку кога сте во брак“ – изјавил Дејвид Ролфс, главниот автор на студијата.