Почетна » Новости » Истражувања » Бизнис жените кои се однесуваат како дами се поуспешни

Бизнис жените кои се однесуваат како дами се поуспешни

За една жена да успее во бизнис светот во којшто преовладуваат мажите, треба да се однесува како дама.

Жените кои имаат поагресивен пристап и кои се обидуваат да се однесуваат како мажи напредуваат побавно, тврдат научниците.

Убава бизнис женаЖените кои имаат помек пристап и кои не се обидуваат да го копираат машкото однесување имаат поголеми шанси за напредување во кариерата

Американски истражувачи побарале од 80 мажи и жени да се опишат себеси додека биле на магистерски студии по бизнис администрација. Осум години подоцна, научниците повторно стапиле во контакт со истите лица за да дознаат како се развива нивната кариера.

Било откриено дека жените што употребувале поагресивен пристап (кои биле наречени „мачо жени“) напредувале многу побавно. За разлика од нив, жените кои имале помек пристап биле унапредувани многу почесто. Некои од нив во текот на 8-те години биле унапредени дури 5 пати.

Д-р Оливија О’Нил, која го направила последното истражување, советува жените внимателно да избираат кога да бидат потврди. „Ако тие се однесуваат по стереотипниот начин на којшто се однесуваат мажите, можат да си ги уништат шансите за унапредување, иако тие особини се синоним за успешните менаџери“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21206 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.