Почетна » Новости » Истражувања » Facebook позабавен од сексот?

Facebook позабавен од сексот?

Спалната соба веќе не е место каде што се раѓа романтиката. Според ново истражување спроведено во Британија, луѓето повеќе претпочитаат в кревет да проверуваат и читаат e-mail и да го апдејтнуваат својот профил на Facebook, отколку да имаат секс.

Жена со лаптоп

Истражувањето во кое учествувале 4000 возрасни мажи и жени имало за цел да установи кои се најзабавните активности на луѓето во спалната. Изненадувачки, сексот го зазел дури шестото место.

Повеќето од учесниците преферираат да спијат, читаат, гледаат ТВ, да слушаат музика и да сурфаат на интернет, наместо да имаат секс. Жените повеќе сакаат да читаат в кревет, а мажите да гледаат ТВ.

Четвртина од испитаниците признале дека имаат сексуални односи само 2 пати месечно, а секој седми го сметал креветот како уште едно место каде што може да се работи.

Како главни виновници за таквите резултати биле посочени стресот и умората.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.