Многуте обврски ги спречуваат современите мајки да поминуваат повеќе време со своите деца. Над 50% од мајките сметаат дека не поминуваат доволно квалитетно време со своите најмили.
Обидувајќи се да постигнат баланс помеѓу кариерата и личниот живот, мнозинството мајки иако даваат сè од себе, чувствуваат дека можат да направат многу повеќе во одредени области од животот.
10 работи кои мајките сметаат дека можат да ги прават подобро се:
- да поминуваат квалитетно време со своите деца;
- да бидат потрпеливи;
- почесто да приготвуваат јадења од сирови состојки;
- да одржуваат посредено дома;
- да ги подучуваат своите деца;
- да измислуваат интересни игри;
- почесто да ги канат другарчињата на нивните деца на чај;
- да бидат забавниот родител;
- да воведат поголема дисциплина;
- да балансираат меѓу работата и личниот живот.
„Мајките треба да запомнат дека најважното нешто е да им обезбедат на своите деца стабилна средина и љубов. После тоа, ако можат да најдат време за да си играат со нив, би било супер, затоа што децата повеќе ќе го ценат тоа отколку средената куќа или убавиот оброк“ – изјавила Кетрин Крафорд, претставник на сајтот TheBabyWebsite, кој го направил истражувањето.
74% од трите илјади анкетирани мајки сметаат дека прават сè најдобро што можат со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат и дека нивните деца се среќни и задоволни, но најголем дел признале дека чувствуваат огромен притисок за да имаат совршена кариера и совршено семејство.
И покрај тоа, 53% од мајките изјавиле дека е невозможно постигнувањето на баланс кариера-личен живот.
„Мајките не треба да се прекоруваат толку многу, затоа што повеќето од нив одлично се справуваат со растењето на децата во среќен дом“ – додала Крафорд.