Почетна » Новости » Истражувања » 48% од жените сакаат убави фармерки на попуст повеќе од секс

48% од жените сакаат убави фармерки на попуст повеќе од секс

Пронаоѓањето на совршените фармерки е мисија на секоја жена. Па, кога ќе налетате на фармерки кои совршено легнуваат на вашите облини, нормално е да чувствувате голема возбуда и среќа. А уште и ако се на попуст, сигурно ќе се чувствувате како да сте добиле голема награда.

Ново истражување открило дека кај половина од жените возбудата од пронаоѓањето на фит фармерки на попуст е толку голема што дури ја надминува возбудата за време на секс.

Жена во фармерки

Истражување на People StyleWatch покажало дека скоро половината од жените (поточно 48%) се повозбудени кога ќе пронајдат убави фармерки на распродажба, отколку кога имаат секс.

Во рамките на истражувањето учествувале 2000 жени на возраст од 18 до 49 години, а целта била да се открие како стилот на славните влијае на начинот на облекување на жените.

Исто така, било откриено и дека 75% од жените црпат инспирација за облекување од стилот на славните, 67% повеќе земаат идеи од славните отколку од моделите на модните писти, а 75% се склони да платат повеќе пари за одредено парче облека откако ќе видат дека истото го носи некоја популарна личност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.