Почетна » Новости » Занимливости » Жена заврши во болница поради тесни фармерки

Жена заврши во болница поради тесни фармерки

Докторите предупредуваат дека носењето тесни фармерки може сериозно да ги оштети нервите и препорачуваат да не ги носите кога ве очекува активност со клекнување и чучнување.

Австралијка стана „жртва на модата“ и на своја кожа ги искуси негативните ефекти од носењето тесни фармерки. Имено, 35-годишната жена 4 дена лежела во болница откако тесните фармерки ѝ ги оштетиле нервите во долниот дел на нозете и предизвикале отекување.

Фармерки

Жената носела тесни фармерки додека ѝ помагала на своја блиска роднина да се пресели. Во текот на неколку часа таа постојано клекнувала и чучнувала, празнејќи картонски кутии. Додека се враќала дома, таа почувствувала слабост во мускулите, се сопнала, паднала и не можела повторно да се исправи.

Неколку часа таа лежела пред да успее да стигне до пораздвижено место и да викне такси за да стигне до болница. Докторите морале да ги исечат фармерките за да ги извадат, бидејќи мускулите на долниот дел од нозете ѝ биле значително отечени.

„Бевме изненадени што оваа пациентка имаше толку големо оштетување на нервите и мускулите“ – изјавил д-р Томас Кимбер од австралиската болница каде се лекувала жената.

Стручните лица објаснуваат дека причината за овој екстремен случај бил притисокот од тесните фармерки на задниот дел од ногата предизвикан од свиткувањето на колената. „Како резултат на пролонгираното клекнување, таа го прекина протокот на крв во листовите на нозете, па тие драстично отекоа. Слабоста во нозете е резултат на компресијата на два од најголемите нерва во долниот дел од ногата“ – рекол неврологот.

Фармерки

Не треба целосно да се откажете од тесните фармерки. Но, важно е да не избирате тесни панталони ако знаете дека треба подолго време да клечите и да преферирате фармерки кои се растегнуваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.