Сè повеќе жени имаат сексуални односи со партнери со кои не се во врска и со кои не планираат да имаат нешто сериозно. Истражување на списанието Self и онлајн порталот PopSugar покажало дека 82% од жените на возраст од 18 до 63 години имале секс без обврски.
Иако општо прифатено е мислењето дека жените чувствуваат срам или жалење после секс со партнер со кого не се во врска, резултатите од истражувањето покажале дека 63% од жените кои имале секс без обврска се чувствувале „супер“ или „добро“ наредниот ден.

„Жените не чекаат да имаат момче за да имаат сексуално искуство. Сè повеќе тие си даваат дозвола да се „глупираат“, да уживаат и да си поминуваат убаво – тоа се фразите кои ги слушав повторно и повторно“ – изјавила Пепер Шварц, професор по социологија на Универзитетот Вашингтон во Сиетл.
Само 19% од жените кои имале секс без обврски признале дека жалат за тоа, а 37% не се чувствувале убаво поради направеното.
Еве уште неколку заклучоци од истражувањето направено со учество на 2000 жени:
- 60% од жените имале љубовна авантура за една ноќ со пријател или познаник;
- 51% од жените имале секс само заради забава;
- 63% од жените имале секс со случаен партнер;
- 58% од жените имаат пријател со „бенефиции“;
- 49% од жените имале секс со непознат;
- 34% од жените имале партнер со кого се сретнувале само за секс.
Сексот без обврски можеби е возбудлив, но ретко им носи оргазам на жените. Дури 74% од жените признале дека им е потешко да ја достигнат врвната точка кога се со партнер со кого не се во врска.
Основна причина поради која жените немаат секс без обврски е стравот од сексуално преносливи болести. 87% од жените се воздржуваат од секс поради страв од СПБ.