Вчера, Џесика Бил со носење забавни чорапи го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
41-годишната сопруга на Џастин Тимберлејк сподели дека нејзината внука Заја има екстра хромозом и дека со овој потег таа сака да ја поддржи неа и целата заедница околу неа. Бил го сподели и профилот на слатката Заја, која му е ќерка на нејзиниот помал брат, Џастин.
„Денес, на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ја славам мојата неверојатна внука и оваа прекрасната, позитивна и забавна заедница“.
„Оваа година, за Светскиот ден на лицата со Даунов синдром носиме забавни чорапи“ – напиша Џесика.
На профилот на Заја нејзините родители често објавуваат фотографии од малото девојче и не кријат колку голем благослов е таа во нивните животи.
„Во чест на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ви ја претставуваме оваа убавица во нејзините луди чорапи. Ќе кажам повторно дека позитивните начини на кои Заја влијае на секој што ќе ја запознае се неверојатен благослов. Нашите животи се подобри поради тебе, Зи“ – пишуваат родителите.
На друг пост со фотографии од Заја пишува:
„Кога ќе помислам на сите грижи, на прашувањето што ќе се случи... не бевме ни свесни дека ова мало топче ќе нè научи на многу лекции преку својата сила, дрскост, радост и љубов кон животот. Животот е апсолутно подобар со тебе“.
„Среќен ден на Дауновиот синдром. Денес славиме во чест на нашето девојченце и секој ден им се заблагодаруваме на среќните ѕвезди за неа. Сакам да помогнам во подигнување на свеста: ‘Со нас, не за нас’. Ја охрабруваме нашата малечка во нејзиниот живот и во нејзините избори. Секогаш ќе ја поддржуваме Заја во сè што сака да постигне, а нејзината желба и фокусот се силни. Мило ни е кога гледаме што сè сака да научи и да направи и како секогаш наоѓа начин“ – напиша Џастин.