Пандемијата принуди многумина да работат од дома, а состаноците кои некогаш ги одржуваа во канцеларија, да ги спроведуваат преку Zoom.
Чести се шегите онлајн дека Zoom корисниците се облекуваат за да го прикажат во најдобро светло она што се гледа на камерата, но не и она што таа не може да го сними.
Компанија ги замоли своите вработени да одат на работа облечени на ист начин како што биле кога ги одржувале Zoom состаноците. Тие шеговито позираа заедно, а фотографијата стана интернет хит и несомнено ќе ве насмее.
Ова не е единствената ваква фотографија која се споделуваше во текот на пандемијата.