Смислата за хумор е задолжителна карактеристика којашто мажите и жените сакаат да ја поседува нивниот партнер. Сајтот за запознавање eHarmony решил да направи истражување за да дознае каков тип на хумор ги привлекува мажите, а каков жените.
За целта, тие анкетирале 800 000 мажи и жени. Резултатите покажале дека мажите најмногу комуницираат со жени кои имаат саркастична смисла за хумор, а најмалку ги привлекуваат жени кои кажуваат шеги за политичари.
Од друга страна, жените се најсклони да комуницираат со мажи кои ги кажуваат шегите без да покажуваат некаква емоција на лицето и без да го користат телото за да изгледаат шеговито (сув хумор), т.е. кажуваат шеги со монотон глас, па не се знае дали се шегуваат или не. Жените најмногу избегнуваат мажи кои се шегуваат со помош на црн хумор.
Подолу графички е прикажано колку одреден тип хумор ги привлекува или одбива претставниците на спротивниот пол.