Многу често родителите на мали деца се исцрпени и изморени и посакуваат што побрзо да пораснат нивните малечки.
Но, Холи Дигнен со емотивен текст ги потсетува мајките и татковците дека еден ден ќе копнеат токму за тие моменти.
Дозволете ми да ви кажам тајна...
Ќе ми недостигаат овие денови.
Нема да ми недостигаат тешките денови.
Нема да ми недостига чувството дека главата ќе ми експлодира од анксиозноста.
Нема да ми недостига чувството дека не можам да сум во тек со нештата.
Нема да ми недостигаат хистеричните напади на бес, викањето и ‘Ти си лоша, мамо’.
Нема да ми недостига да бидам истоштена речиси секојдневно од грижата за две мали човечиња, пред да се грижам за себе.
Но...
Ќе ми недостигаат утринските гушкања кои ми ја полнат душата и бакнежите кои ми го исполнуваат срцето.
Ќе ми недостига смеењето од душа за најглупавите работи.
Ќе ми недостига начинот на кој моите бакнежи, прегратки, зборови и присуство може да направат да исчезнат нивните стравови и тагата.
Ќе ми недостига нивниот копнеж за учење на азбуката, боите, формите, зборовите, природата, животните, инсектите и многу повеќе.
Ќе ми недостигаат нивните слатки гласчиња додека погрешно ги изговараат зборовите кои звучат многу послатко на начинот на кој тие ги кажуваат.
Ќе ми недостигаат филмските ноќи, играњето и целокупното дружење. Зашто знам дека нема да биде секогаш вака, бидејќи ќе пораснат.
Ќе ми недостигаат нивните глупави изрази, смешни фаци и опсесијата со испуштање на звуци.
Ќе ми недостига тоа да им го разубавувам денот со планирањето на посета на зоолошка градина или музеј.
Ќе ми недостигаат случајните танцувања во кујната додека подготвуваме оброк.
Ќе ми недостига да сакаат да им помагам, едноставно затоа што тие сакаат повеќе време со мене.
Ќе ми недостига да им бидам СÈ, и покрај тоа што на моменти може да биде премногу за мене.
Ќе ми недостигаат многу повеќе работи одошто нема да ми недостигаат.
Па, да, ‘Ќе ми недостига ова’. Едноставно нема да ми недостигаат тешките моменти.
ЌЕ МИ НЕДОСТИГА СÈ ДРУГО!
Холи е мајка на две момчиња.