Братската љубов е преголема и бесценета, а тоа ќе ви го покажат Престон и Камерон. Видеото од нивниот разговор ќе ви го растрепери срцето.
Во него, Престон, кој боледува од леукемија, му кажува на помалото братче дека ќе му го спаси животот со тоа што ќе му донира коскена срж.
„Ти ќе ме спасиш. Ќе дадеш коскена срж од твоето тело за моето тело. Бидејќи мојата коскена срж е болна, има рак во неа. Твојата нема. И не треба да ја дадеш целата твоја коскена срж, туку треба да дадеш само малку. И знаеш тоа што те прави тебе? Те прави вистински суперхерој“ - му вели Престон на малиот Камерон.
„На 13-годишниот Престон му беше дијагностицирана леукемија во септември 2022 година. Неговата најдобра шанса да го победи ракот е да му биде извршена трансплантација на коскена срж. Во националниот регистар за донори немаше ниту еден соодветен донор за Престон. Дознавме дека неговиот брат е соодветен донор“ – пишува на видеото.
Трансплантацијата била направена на Св. Валентин.