Сара Мејс се породи. Македонската музичарка го донесе на свет второто дете, а среќната вест ја соопшти на Instagram.
„Добредојде Кирил, јунак наш“ – напиша таа и објави фотографија на која позира со новороденчето заедно со сопругот Димитар Атанасовски.
„Вечерва ќе заспијам пијана од среќа и љубов... Нема по Големо и Возвишено нешто на Универзумов. Фала Ви на сите дечки за љубовта и поддршката, Ви посакувам сто илјади убавини, среќи, благосостојби и вакви богатства како што добив јас вечерва... Извинете ресторан Хепи ако е лом столчето од водењаков, ќе купиме ново“ – стои во пораката на Сара.


Сара била на детски роденден кога ѝ пукнал водењакот, по што веднаш се упатила на породување. „Сара Мејс за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува“ – сподели Димитар.
Познатата харфистка и пејачка и популарниот водител стапија во брак во 2017 година, а нивната ќерка Илина се роди во септември 2018 година.