Околината во која растеме неизбежно ни се одразува на карактерот, а во случајот на Настасја Чудакова, таа е инспирација за уметнички дела.
Талентираната сликарка создава прекрасни слики кои прикажуваат спомени од нејзиното детство во Русија. Сите кои растеле во словенските земји ќе се пронајдат во некоја од прикажаните ситуации и ќе ги обземе носталгија.