Пејачката Вера Брежнева беше прогласена за најубава жена во Русија од страна на машкото списание „Maxim“ Русија.
34-годишната мајка на две ќерки, која на Instagram ја следат речиси 7 милиони обожаватели, ги остави зад себе пејачката Наталија Ионова и моделот Анастасија Квитко, сместувајќи се на првото место на листата.
Брежнева се прослави како дел од украинската група Nu Virgos, а подоцна започна своја соло кариера. Таа беше прогласена за најубава Русинка од страна на „Maxim“ и во 2007 и во 2012 година.
Второто место на листата ѝ припадна на Наталија Ионова, позната под уметничкото име „Гликоза“. 30-годишната пејачка исто така е мајка на две ќерки.
Моделот Анастасија Квитко, која е нарекувана „руската Ким Кардашијан“ го доби третото место. 22-годишната девојка е ѕвезда на Instagram, каде ја следат 5,2 милиони лица.