Додека ние наоблечени итаме низ улиците за што побрзо да се засолнеме од студот, во Русија мали дечиња разголени се прпелкаат во снегот.
Во видеото кое го објави In the NOW, се прикажани момчиња и девојчиња облечени само по гаќички како трчаат по снегот и си играат на температура од -14°C.
Дечињата прво престојуваат во сауна за да се згреат, а потоа излегуваат надвор и се полеваат со вода чија температура е 25°C. Откако ќе заврши забавата на снегот, дечињата пијат топол чај.
Се верува дека оваа игра на смрзнувачки температури го подобрува здравјето и издржливоста.