Љубовното Езеро создадено од човечка рака се наоѓа сред пустина во близина на најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати. Наречено „Love Lake Dubai“, езерото во форма на две срца се протега на површина од 55 илјади метри квадратни, а според Google Maps, може да се види и од вселената.



Езерото е опкружено со 16 илјади дрвја. Дел од нив го формираат зборот „Љубов“.




Прекрасната знаменитост е популарна кај туристите кои можат да спортуваат, да одат на пикник или да прават скара во специјални делови за таа намена. Истовремено, тие можат да им се насладуваат на шарените риби и прекрасните птици кои живеат таму.


Се разбира, на оваа дестинација можат да се направат прекрасни Instagram фотографии.









