Жена од Црна Гора го прослави 100-тиот роденден во домот за стари лица „Грабовац“ во Рисан и си доби изненадување какво што заслужува.
Људмила Улиќевиќ со насмевка го дочекува секое ново утро и секојдневно им докажува на сите дека годините се само бројка. Веселата старица на својот специјален ден беше пречекана со музика, торта и балони и со круна на главата позираше покрај декорациите.



Таа ја откри и нејзината тајна за долговечност.
„Што помалку грижи, а што повеќе љубов е тајната на долговечноста“ – рече Људмила.
Видеата и фотографиите од моментот станаа хит на интернет, а несомнено ќе ви го згреат срцето.