Шкотска ѝ кажува збогум на менструалната сиромаштија.
Шкотскиот парламент едногласно го изгласа предлог-законот со кој на целата нација ѝ се овозможува пристап до бесплатни менструални производи.

Предлог-законот беше претставен од политичарката Моника Ленон минатата година, а беше изгласан синоќа. Менструалните производи ќе бидат достапни во сите јавни установи, вклучително и во училиштата и факултетите низ целата земја.
„Кампањата е поддржана од широка коалиција од трговски сојузи, организации на жени и добротворни организации. Шкотска нема да биде последната земја која ја остава менструалната сиромаштија во историјата“ – вели Монка Ленон. „Ова е сигнал за светот дека може да се постигне бесплатен универзален достап до менструални производи“ – додава таа.
Во текот на нивниот живот, жените просечно 7 години имаат менструација, но многу од нив не можат да си ги дозволат основните менструални производи и производи за лична хигиена.

Се проценува дека шкотската влада треба да оддели околу 10 милиони евра годишно до 2022 година за спроведување на новиот закон.