Пред неколку дена вработените во ЈП Комунално Струга го украсија новото шеталиште со чадори во боја и тоа веднаш стана место за интересни Instagram фотографии.
„Идејата на овој проект е со цел граѓаните кој го користат шеталиштето пријатно да се чувствуваат како во естетска смисла, така и во заштита од сонце“ – изјавил директорот на ЈП Комунално Струга, Иќмет Ислами.
Околу 600 чадори покриваат 10 метри од шеталиштето.
Погледнете како изгледа новото шеталиште низ фотографиите кои посетителите ги споделуваат на Instagram: