Играта наречена "Romeo wherefore art thou" стана огромен интернет хит. Во последните неколку денови сè повеќе играчи влегуваат во потрагата на Ромео, најверојатно поради приближувањето на празникот на вљубените Св. Валентин.
Играта, која е создадена од туристичкиот сајт на Shakespeare Country, има намена да го промовира родното место на познатиот писател Шекспир и да ги заинтересира посетителите за легендарните ликови на Ромео и Јулија.
Иако создавачите предвидувале скромна посета од 2,5 милиони заинтересирани, денес можат да се пофалат дека забавната игра била играна дури од 22 милиони посетители.
За да влезете во улогата на Ромео и да соберете колку што можете повеќе рози за Јулија, кликнете тука.