Селест Барбер е добро позната по своите комични верзии на фотографиите на славните.
35-годишната Австралијка „копира“ ѕвезди како Џенифер Лопез, Кајли Џенер, Бијонсе, Ријана, Викторија Бекам, Ким Кардашијан и Бела Хадид и со своите хумористични верзии мами насмевки на лицата на своите 3 милиони следбеници на Instagram.
Селест сака да покаже како би изгледало кога „нормална“ личност би се обидела да рекреира некоја од овие фотографии.