Селест Барбер се прослави со своите комични верзии на фотографиите на славните личности.
Австралијката со смисла за хумор не се плаши да се прикаже во лошо светло за да потенцира колку смешно би изгледало кога нормална личност би се обидела да ги рекреира фотографиите кои ѕвездите ги споделуваат на социјалните мрежи.
Новата доза фотографии ги вклучуваат Викторија Бекам со фолија на лицето, Бела Хадид меѓу подароци од Диор, Ирина Шајк која сензуално прегрнува мече, познатите мајки од спотот на Ферги, Рита Ора додека свири гола на пијано, Ким Кардашијан која се тушира со млеко и позира пред приватен авион, Кејт Аптон додека елегантно излегува од базен...