Мајка со смисла за хумор го задева својот помал брат со помош на своето мало синче.
Имено, Катина Бем ги пресоздава фотографиите од фотосесиите на брат си Аристотел, кој е модел, а на негово место го поставува слаткото синче Оги.
Забавниот проект најпрво бил наменет за нивното семејство, но како што минувало времето, фотографиите полека се распространувале на интернет.
„Со брат ми се сложуваме многу добро. Отсекогаш имавме одлична брат-сестра врска, многу меѓусебно исмејување“ – изјавила Катина. „Се гордеам со него, бидејќи тој ја следи својата страст, но тешко е да не го задевам малку. Некои од неговите модни фотографии се премногу смешни“ – додала таа.