Од 2015 година наваму, Селест Барбер создава свои забавни верзии на фотографиите на славните личности, не плашејќи се да го покаже телото во реално издание.
Популарната комичарка од Австралија покажува колку смешно би изгледала „нормална личност“ кога би се обидела да позира како ѕвездите на социјалните мрежи. Нејзините фотографии секогаш се вирален хит и се обожавани од нејзините 7,6 милиони фанови.
Селест вешто ја користи нејзината платформа и влијанието кое го има на социјалните мрежи за да ги убеди луѓето да донираат. Минатата година, таа започна акција на Facebook во која беа собрани 37 милиони долари за помош на засегнатите во австралиските пожари.