Папата Франциск привлече големо внимание со одлуката да не им дозволи на верниците да му ја бакнат раката, или поточно неговиот прстен.
Видеото, во кое врховниот свештеник на римокатоличката црква нагло ја трга раката кога католици еден по еден се наведнуваат да го бакнат, стана хит и предизвика дискусии помеѓу конзервативните и либералните верници.
Додека едните остро го критикуваа истакнувајќи дека тоа му е должност, другите му дадоа поддршка, потенцирајќи дека тоа е негова одлука.
Видео
Близок помошник на Папата изјавил дека бакнувањето на сребрениот прстен со крст зависи од преференциите на Франциск. „Понекогаш му се допаѓа тоа, понекогаш – не. Толку едноставно е“ – рекол тој.
