Соопштувањето на вест за бременост ја буди креативноста кај мајките. Австралијката Бохана, која стои зад блогот „The Simple Folk“, сподели дека е бремена со трето дете со хумористична фотографија со двете деца.
На неа, познатата блогерка го покажува малото трудничко стомаче, додека до неа позираат ќеркичката и синчето со подуени стомачиња, поголеми од нејзиното.
Описот на фотографијата насмеа илјадници лица. „Кога твоите деца се „побремени“ од тебе – стои под фотографијата.
Бохана е во 15 недела од бременоста. Таа постојано споделува преслатки фотографии од детството на малите Арчер и Индијана.