Веста за бременост секогаш ги буди најубавите емоции.
Радосна трудница му соопшти на саканиот дека ќе станат родители, а нивниот посебен момент беше овековечен со фотосесија.
Позитивниот тест за бременост Британи го сокри во својот букет, а потоа го замоли Кејлеб да го извлече. Неговата реакција разнежува срца.
Кејлеб сонувал да стане татко, но Британи досега не се чувствувала подготвена за овој голем чекор во својот живот.
„Кејлеб отсекогаш сакаше да стане татко, зборуваше за деца додека бевме верени и повеќе години откако стапивме во брак. Јас не бев подготвена, сакав да имам кариера, куќа, план. Не знам зошто сето тоа ми значеше толку многу. Веќе го имав најважното нешто за основање на семејство – маж кој ме сака, маж кој несомнено ќе биде одличен татко“ – објаснила идната мајка.
„Спиев до мојот сопруг 4 ноќи, криејќи ја најголемата тајна во животот. Но сега, нашата ќерка секогаш ќе ја знае радоста на лицето на татко си кога дозна дека ќе има дете“ – вели Британи.
Британи и Кејлеб се венчаа во 2014 година.