Почетна » Новости » Занимливости » Фотограф се здружи со 9-годишната ќерка и заедно фотографираа свадба, станаа вирален хит

Фотограф се здружи со 9-годишната ќерка и заедно фотографираа свадба, станаа вирален хит

Фотограф ја поведе со себе 9-годишната ќеркичка за да фотографираат свадба, а нејзините фотографии станаа вирален хит.

Џером Кол од Мелбурн ѝ купил на ќерката Аиша фотоапарат пред да ја фотографираат својата прва заедничка свадба во февруари годинава. Нивната цел била Џером да ги овековечи младенците однапред, а Аиша одназад.

Но, младата фотографка одлучи да направи свои фотографии кои го расплакале татко ѝ додека ги прелистувал. Тој ги сподели нејзините дела онлајн и тие веднаш станаa хит. Луѓето на социјалните мрежи постојано му пишуваат за да го прашаат дали таа може да ги фотографира и нивните свечености.

Џером Кол Џером Кол Џером Кол Џером Кол

„Екстремно се гордеам со неа. Сакам да се забавува. Фотографиите кои ги прави се страшно добри за нејзината возраст. Можев да проценам дека ќе бидат добри само по тоа што ја гледав – нејзиниот глад за моментот, движењето на нејзините нозе, постојаното движење и желбата да успее.“

„За првиот бакнеж сакав Аиша да биде одназад и тоа беше херојска фотографија. Но, одеднаш таа дојде пред нив и ги фотографираше нивните деца. Ми беше мило што беше непослушна и што ги направи тие фотографии, но потоа успеа да се врати навреме за првиот бакнеж“ – рекол тој.

Џером Кол Џером Кол Џером Кол
@jeromecoleweddings Should I retire? My daughter Aisha, almost aged 10, has been eager to join me in shooting a wedding for ages, she asks me every week! Sunday, with Jelena & Dragan's big day, we took the leap. Our secret hand signals and her professionalism were something else. Seeing her photos, I couldn't help but tear up. Proud dad moment. #daughter #weddingtiktok #wedding #bride #weddingphotographer ♬ Find Me Here (Blessings Find Me) - Sherwin Gardner

Аиша одлично се забавувала за време на фотосесијата и со нетрпение ја очекува својата следна шанса.

„Многу бев возбудена. Долго време го чекав тоа и мислев дека ќе треба да чекам додека да наполнам 12 години“ – рекла таа.

Џером Кол Џером Кол Џером Кол

Џером одлучил да ѝ даде шанса на Аиша затоа што невестата посакала да има фотографија од фустанот одназад во црквата. Имајќи потреба од уште еден фотограф, тој ја повел со себе ќерка си. И не зажалил.

„Тоа што парот има две мали деца беше совршено за Аиша, затоа што таа можеше да направи фотографии од децата одблиску, на начин на кој јас не можам“.

„Да, јас сум фотограф и јас ѝ сум татко, но не можам да разберам како се толку добри нејзините фотографии. Луѓето на TikTok ме прашуваат дали може да ги фотографира нивните свадби. Пролеав солзи кога ги гледав нејзините фотографии. Нејзиниот тајминг е неверојатен“ – рекол таткото.

Џером Кол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.