Невообичаените луксузни градби во Дубаи отсекогаш примамувале со својата екстравагантност. Но, Дубаи допрва приготвува изненадувања за своите посетители.
Новото чудо на модерната архитектура ќе биде подводниот хотел „Water Discus“. Договорот за градење на хотелот веќе е потпишан, па обожавателите на егзотичниот подводен свет со радост можат да го очекуваат големото отворање.
Хотелот е составен од два главни диска – еден над површината на океанот, а вториот 10 метри под вода. Таквата комбинација ќе им овозможи на гостите да им се воодушевуваат на длабочините на океанот додека ја користат максимално топлата клима.
Подводниот дел на хотелот ќе вклучува 21 хотелска соба. Во секоја од собите ќе има специјално осветлување кое ќе им даде можност на љубопитните посетители да ја истражуваат до детали флората и фауната под површината.
Компанијата која ќе го гради луксузниот хотел тврди дека безбедноста на гостите им е најважна, па така горниот диск ќе може да издржи дури и кога е под удар на разорно цунами, а долниот може веднаш да исплива на површината при појава на каква било опасност.