Чамп е 10-годишно куче кое ужива во животот. Златниот ретривер се здоби со светска слава откако неговата сопственичка објави серија фотографии на кои тој ја покажува својата фотогеничност.
Кендис Седиган започнала да го фотографира Чамп пред седум години и досега има направено над 20.000 фотографии. Некои од нив се и наградувани. 20-годишната љубителка на животни и фотографирање вели дека цели да ја овековечи среќата на Чамп. „Навистина сакам да ја доловам суштината на кучињата, а тоа е дека секогаш се многу среќни“ – изјавила таа во интервју за Flickr.
Во последниве неколку дена Чамп освои многу фанови кои го нарекоа и „најсреќното куче на светот“.