Понекогаш во тоа што го гледаме има повеќе од она што успеваме да го забележиме на прв поглед.
Украинскиот уметник Олег Шуплјак доловува оптичка илузија во секоја негова неверојатна слика направена со техниката масло на платно. Талентираниот Олег ги поставува елементите, сенките и боите на своите слики стратешки, така што наместо една, може да се видат две различни слики.
Олег понекогаш ја прави втората слика толку очигледно видлива, што често може да не ја откриете оригиналната слика. Првата слика е еден вид автопортрет на Олег (скриеното лице е негово). Погледнете и уверете се во несекојдневниот талент на овој уметник: