Цели 13 години младата фотографка Мијоко Ихара ја фотографира својата баба за да остави „жив доказ“ за нејзиното постоење. Пред девет години во животот на бабата Мисао влегло мало маченце кое веднаш си нашло место на фотографиите.
На мачето со различна боја на очите Мисао му го дала името Факумару.
Иако има 88 години, жилавата бабичка секој ден активно работи на својот имот, а Факумару го следи секој нејзин чекор. „Никогаш нема да се разделиме“ – рекла Мисао за своето милениче.
„Живеат во мал свет, исполнет со достоинство и заемна љубов. До денес, под синото небо, Мисао и Факумару работат на полињата, во природна околина, каде блескаат како ѕвезди“ – вели Мијоко која минатата година ги објави во книга фотографиите за нераскинливото пријателството.
Во изминативе неколку дена фотографиите стоплија многу срца низ целиот свет.