Додека надвор температурите се спуштаат под нулата, фотографиите од снежната игра на семејство поларни мечки ќе ве потсетат на убавината на снегот и ќе ви ја стоплат душата.
Фотографиите кои брзо собираат симпатии на интернет се направени од Керен Су, фотограф од Вашингтон. Тој талкал на температура од -20°С, бидејќи имал јасна цел – да сними мали мечиња.
„Тоа е рај за поларните мечки, но не и за луѓето. Имав јасна мисија, да фотографирам мали поларни мечиња. Ова беше најубавиот момент во сите мои досегашни патувања во оваа област... Мајките се многу заштитнички настроени кон нивните малечки и фотографирањето е целосно поразлично од тоа само да видиш мечка. Кога ги пронајдовме како се одмараат, моравме да им дозволиме на мечките да прифатат дека им приоѓаме. Постепено ни дозволуваа да ги гледаме оддалеку. Кога почувствуваа дека не сме закана за нив, добивме можност да ги фотографираме. Ја обожавам зимата, тоа е моето омилено годишно време, затоа што е романтично и поетично време за фотографирање животни“ – изјавил Су.