Често во македонските медиуми се исмејуваат матурантите од Бугарија поради стилот на облекување или однесувањето. Но, факт е дека во нашето соседство има и многу девојки со стил кој заслужува пофалби.
Пред два дена беше прогласена победничката на овогодишниот избор за најубава матурантка во Бугарија. Честа да се најде на првото место на јубилејното 10-то издание на конкурсот ѝ припадна на Елина Крушева од Свиленград.
Тричленото жири, составено од минатогодишната победничка Габриела Иванова, Евгени Димитров и поп артистот VenZy, едногласно ја избраа Елина за Најубава матурантка. На натпреварот учествуваа 140 девојки од цела Бугарија.
Крушева заврши средно образование во француската јазична гимназија „Антоан де Сент-Егзипери“, а планира да продолжи со школување на Софискиот универзитет.
Погледнете фотографии од убавата победничка: