Мирела Маринова победи на изборот „Најубава матурантка“ кој секоја година се организира во Бугарија.
18-годишната девојка од Софија, која ќе студира дентална медицина, победи 1.250 кандидатки кои испратија свои фотографии на 15-тото издание од националниот конкурс. Носителката на титулата беше избрана од жирито составено од Натали Трифонова, Радина Крџилова, Филип Буков и минатогодишната победничка Цветелина Џонова.