Даг, кучето кое се смета за најгрдото куче во Велика Британија, конечно доби свој дом.
35-годишната Ејприл Паркер разгледувајќи го сајтот на едно засолниште за животни здогледала фотографија од Даг и веднаш се заљубила во него.
Двегодишното куче, кое е полуслепо и има искривена вилица и заби, веднаш ги освоило симпатиите на добродушното семејство и станало нивно милениче.
Ејприл платила 200 фунти за Даг (скоро 15 000 денари) и воопшто не жали за донесената одлука. „Тој изгледа комично со своите големи очи како на бубачка и криви заби и секогаш се удира во нешто. Но, има фантастичен темперамент и многу љубов во себе“ – изјавила таа.