Минатата година роденденската фотографија на кучето Рајли стана огромен хит, а оваа година насмеаното куче покажа уште поширока насмевка.
Сопственичката на кучето со човечка насмевка повторно му приреди роденденска забава за да улови со својот фотоапарат уште една од неговите популарни насмевки.
На новата фотографија Рајли се смее со отворена уста додека пред него стои колаче со запалена свеќа.
„Рајли секогаш прави вакви изрази на лицето, тоа е најдоброто кај него. Ти дава нов израз секогаш кога ќе заборавиш дека е куче“ – изјавила 23-годишната Морин Равело која се пожалила дека нејзината мајка прави кул роденденски забави само за Рајли.
На фотографијата од минатата година, Рајли многу слатко се смее со затворена уста додека позира пред роденденскиот колач.